10-те најважни правила за пијанење
1. ОК е и да се пие сам.
2. Вотката може да се меша со сè, вклучително и со повеќе вотка.
3. Во виното е вистината, во пивото е силата, но вискито е водата на животот.
4. Пијаните зборови се трезни мисли. Слушај внимателно.
5. Ако некогаш направиш нешто многу глупаво, не се вади на пијанство.
6. Ако тој/таа е сè уште грд/а после 7 пијачки, откажи се.
7. Пивото е храна. Виното оди со храна. Коктелите бараат храна.
8. Кога пијачките се служат бесплатно, опасно е. Почитувај ги ваквите ситуации.
9. Никогаш не одбивај бесплатна пијачка и не се жали за нејзиниот квалитет или бренд.
10. Секогаш останувај на повеќе од една пијачка. Тогаш работите почнуваат да се случуваат.
Женски толковен речник (за мажи)
„УБАВО“ – Тоа е збор што жените го користат за завршување на спорот, кога тие се во право а вие треба да замолчите.
„ПЕТ МИНУТИ“ – Ако таа се облекува, тоа значи околу час и половина. Но кога ќе ви даде 5 минути да гледате натпревар, пред да започнете со домашните обврски, тие 5 минути се само 5 минути.
„НИШТО“ – Тоа е затишје пред бура. Тоа значи „НЕШТО“ и треба да сте на штрек. Споровите кои започнуваат со „НИШТО“, обично завршуваат со „УБАВО“ (види погоре).
„ПРОДОЛЖИ“ – Ова е закана, а не дозвола. Не правете го тоа!
„СИЛНА ВОЗДИШКА“ – Всушност, тоа не е збор, тоа не е ниту вербално обраќање, но често погрешно е разбрано од мажите. „СИЛНА ВОЗДИШКА“ значи дека таа ве смета за идиот и се прашува зошто си го губи времето со вас. Се користи заедно со „НИШТО“ (види погоре).
„СЕ Е ВО РЕД“ – Ова е една од најопасните фрази. Тоа значи дека таа сака да размисли внимателно за нештата пред да одлучи како да платите за грешките.
„БЛАГОДАРАМ“ – Жената ви изразува благодарност. Не поставувајте никакви прашања. Едноставно кажете – „ЗАПОВЕДАЈТЕ ПАК“.
Шефот и секретарката
Шеф вработува нова секретарка. Уште првиот ден и ги кажува правилата:
- Кога ќе речам „Сакам кафе“, сакам кафе. Кога ќе речам „Ајде да правиме извештај“, сакам секс.
- Добро шефе!
Наредниот ден.
- Сакам кафе и извештај.
- Жалам шефе, но во моментов сум на месечна ревизија…
- Добро, тогаш само кафе.
Му го однела кафето и загрижена затоа што го одбила…
- Ако сакаш извештајот ќе го направам усно…
- Не, не, уживај. Веќе го напишав рачно.
Докторе, напишете дека сум умрел од СИДА!
Човек на смртна постела му вели на лекарот:
Докторе, напишете дека сум умрел од СИДА!
Зошто, побогу?
Затоа што по смртта некој нема да сака ми спие со жената, а оние кои веќе спиеле со неа ќе умрат од страв.
Зошто се мажите како полжави?
Зошто се мажите како полжави?
Имаат рогови, се лигават, се влечат и мислат дека куѓата е нивна.
јан 11