Чичко, чичко, ваша ли е капава?

Изгубил полицаец капа, дете ја нашло и го прашало:
Чичко, чичко, ваша ли е капава?
Ма не, јас мојата ја изгубив.

Мајмун

Си бил еден полицаец и нашол изгубен мајмун.
Го однел мајмунот во станица и на шефот му рекол:

- Шефе најдов мајмун, и шефов вика:

- Па добро де што си го донел во станица однеси го во золошка.

- Добро шефе.

По некое време се враќаат полицаецот и мајмунот.

- Шефе се вратив.

- Па нели ти реков да го однесеш мајмунот во золошка!

- Па добро шефе го однесов ама сега ке го носам во кино.

Пијан сум!

Полицаец запрел некој возач што му бил сомнителен.

- Дувнете овде, ве молам – му рекол полицаецот на возачот, подавајќи му алкотест.

- Не можам, имам астма, еве лекарско уверение…

- Тогаш ќе морате да појдете со мене во станица за да ви земеме крв – рекол полицаецот.

- Не може ниту тоа, имам хемофилија.

- Ајде тогаш одете по белава линија десетина чекори.
- Не можам, пијан сум – рекол возачот.

Бомба

Двајца полицајци нашле 3 бомби и едниот полицаец му вика на другиот:

- Ајде да ги земеме, и да ги однесеме на командирот.

- Чекај малце, што правиме ако пукне една?

- Епа ништо де, ќе му кажеме дека сме нашле две.

Браќа

Се тепаат двајца на улица. Доаѓа полицаец и ги смирува и им вели:

- Податоци молам!

- Горан Митревски.

- Горан Петров.

- Не ви е срам, двајца браќа и се тепате!

Неверство

Полицаец се враќа порано од работа и ја фаќа жена си во кревет со неговиот најдобар пријател.

Толку многу се изнервирал што го извадил пиштолот и го насочил кон својата глава.

- Не можам да го поднесам ова! – извикал полицаецот

– Жена ми и најдобриот пријател во кревет! Ќе се самоубијам!

После овие зборови жена му започнала да се смее.

- Не се смеј мори – рекол полицаецот – ти си следна!