IQ Тест

Во едно езерце има 6 риби. Ако 3 од нив умрат, колку риби ќе останат во езерцето?

10-те најважни правила за пијанење

1. ОК е и да се пие сам.

2. Вотката може да се меша со сè, вклучително и со повеќе вотка.

3. Во виното е вистината, во пивото е силата, но вискито е водата на животот.

4. Пијаните зборови се трезни мисли. Слушај внимателно.

5. Ако некогаш направиш нешто многу глупаво, не се вади на пијанство.

6. Ако тој/таа е сè уште грд/а после 7 пијачки, откажи се.

7. Пивото е храна. Виното оди со храна. Коктелите бараат храна.

8. Кога пијачките се служат бесплатно, опасно е. Почитувај ги ваквите ситуации.

9. Никогаш не одбивај бесплатна пијачка и не се жали за нејзиниот квалитет или бренд.

10. Секогаш останувај на повеќе од една пијачка. Тогаш работите почнуваат да се случуваат.

Женски толковен речник (за мажи)

„УБАВО“ – Тоа е збор што жените го користат за завршување на спорот, кога тие се во право а вие треба да замолчите.
„ПЕТ МИНУТИ“ – Ако таа се облекува, тоа значи околу час и половина. Но кога ќе ви даде 5 минути да гледате натпревар, пред да започнете со домашните обврски, тие 5 минути се само 5 минути.
„НИШТО“ – Тоа е затишје пред бура. Тоа значи „НЕШТО“ и треба да сте на штрек. Споровите кои започнуваат со „НИШТО“, обично завршуваат со „УБАВО“ (види погоре).
„ПРОДОЛЖИ“ – Ова е закана, а не дозвола. Не правете го тоа!
„СИЛНА ВОЗДИШКА“ – Всушност, тоа не е збор, тоа не е ниту вербално обраќање, но често погрешно е разбрано од мажите. „СИЛНА ВОЗДИШКА“ значи дека таа ве смета за идиот и се прашува зошто си го губи времето со вас. Се користи заедно со „НИШТО“ (види погоре).
„СЕ Е ВО РЕД“ – Ова е една од најопасните фрази. Тоа значи дека таа сака да размисли внимателно за нештата пред да одлучи како да платите за грешките.
„БЛАГОДАРАМ“ – Жената ви изразува благодарност. Не поставувајте никакви прашања. Едноставно кажете – „ЗАПОВЕДАЈТЕ ПАК“.

Иднината на Европската Унија

2015 година – Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Турција се примени во ЕУ.

2017 година – Албанија, Косово и Србија се примени во ЕУ.

2018 година – За прв пат во европските институции се назначува Бугарин на висока функција. Тој ја вработува својата жена, сите роднини на жена си, членовите на семејствата на нивните соседи и нивните пријатели.

2019 година – Вработените од балканските земји претставуваат 10 проценти од европската администрација. Македонија и Грција бараат решение за проблемот со името.

2022 година – Вработените од балканските земји претставуваат 60 проценти од европската администрација. Администрацијата ги зголемува платите тројно, воведува флексибилно работно време, словенската група на јазици е на трето место меѓу јазиците во администрацијата. Поради стрес, 90 проценти од администрацијата е на боледување. Најмногу болни се констатирани во периодот од 15 јуни до 15 септември, и од 15 декември до 15 јануари. Болните вработени се забележани на Алпите, Канарските острови и на други места познати лекувалишта на стрес. Европскиот парламент изгласува закон според кој од буџетот на ЕУ се плаќа за лекување на овие луѓе.

2025 година – Балканците достигнуваат 90 проценти од администрацијата. Македонија и Грција бараат решение за проблемот со името.

2026 година – Високата цена на европската администрација бара драстични намалувања. Отпуштени се белгиските државјани, службеници во ЕУ. Балканските вработени во ЕУ достигнуваат 99,3 проценти од вкупниот број.

2027 година – Македонија успешно го реформира судството.

2028 година – Србија го презема претседателството со ЕУ. Германија ја напушта ЕУ. Македонија и Грција бараат решение за проблемот со името.

2030 година – Албанија го превзема претседателството со ЕУ – до крајот на годината ЕУ ја напуштаат Велика Британија, Белгија, Данска, Шведска, Холандија, Луксембург, Италија, Шпанија, Португалија, Австрија, Чешка, Литванија, Латвија, Естонија и Словенија. Сите овие земји воведуваат строг визен режим за членките на ЕУ.

Тест за интелегенција!

Овој квиз е направен од Алберт Ајнштајн и според него 98% од испитаниците нема да го решат.

Постои ред од пет куќи, каде секоја има различна боја. Во овие куќи живеат пет луѓе од разни националности. Секој од нив има свое домашно животно, пие различен пијалок и пуши различна марка на цигари.

1. Британецот живее во Црвената куќа.
2. Швеѓанецот чува кучиња како домашни миленици.
3. Данецот пие чај.
4. Зелената куќа се наоѓа лево од Белата куќа.
5. Сопственикот на Зелената куќа пие кафе.
6. Личноста што пуши Пал Мал одгледува птици.
7. Сопственикот на Жолтата куќа пуши Данхил.
8. Човекот што живее во централната куќа пие млеко.
9. Норвежанецот живее во првата куќа.
10. Човекот што пуши Малборо живее до оној што чува мачки.
11. Човекот што одгледува коњи живее до човекот што пуши Данхил.
12. Човекот што пуши Лаки Страјк пие пиво.
13. Германецот пуши Принц.
14. Норвежанецот живее до Сината куќа.
15. Човекот што пуши Малборо има сосед што пие вода.

Кој има риба за миленик дома? (дали сте еден од 2%)