Вицеви

Кажи ми бабо, кој е овој голем јунак кој беснее во шумата?

Го јавнал Крали Марко, неговиот коњ Шарец и тргнал низ шумата.

Но, што да се види – дрвјата откорнати, гранките искршени… Му се натажило срцето на Крали Марко и си помислил:

„Бреееј, тука изгледа поминал некој голем јунак, поголем дури и од мене…“

Продолжил понатаму, стигнал до една ливада – тревата разорана, цвеќињата смачкани… Му се натажило срцето на Крали Марко и си помислил:

„Бреееј, тука изгледа поминал некој голем јунак, поголем дури и од мене…“

Продолжил понатаму, ја видел Баба Рога – косата искубана, забите искршени, силувана, лежи и офка. Крали Марко се наведнал над неа и ја прашал:

– Кажи ми бабо, кој е овој голем јунак кој беснее во шумата?

Баба Рога ги отворила своите модри очи, го препознала Крали Марко и му рекла со последните сили:

– Да си жив и здрав бебе, колку си добар кога си трезен…

Чак Норис на Бадник…

Утрото на Бадник Смртта доаѓа на влезната врата на една куќа и почнува да вика:

– Смртта е! Дојдов да ја земам душата на која и дошол редот.

Отвора никој друг, туку Чак Норис.

– Која си ти!

– Смртта!

– Што сакаш?

– Пааа… Коледе леде, паднало греде..