во

На секој хороскопски знак одговара по еден Дизни негативец. Кој е твојот?

Кога се во прашање Дизниевите филмови, сигурно полесно ќе го изберете вашиот негативец отколку херој. Некој се добро сетил и ги поделил овие шармантни негативци по хороскопски знаци. Погледнете и размислете дали има вистина во овие описи.

Овен – Кралицата на срцата од “Алиса во замјата на чусата”

Вие сте личност која точно знае што сака, но имате и многу „краток фитил“ и имате тенденција да претерувате кога работите не се така како што сакате вие.

Реклама

Бик – Готел од “Златокоса”

Имате голема самодоверба, што е одлично, но скоро секогаш го сакате тоа што го немате и тоа ви создава проблеми и главоболки.

Близнаци – Принцот Ханс од “Замрзнатото кралство”

Вие сте многу паметни и многу луѓе ви веруваат. Во меѓувреме, правите работи позади грб на луѓето и тоа ве носи во неволја.

Рак – Скар од “Кралот на лавовите”

Вие зрачите со интелигенција и точно знаете што сакате, но сте многу бесчувствителни на моменти. Обично, кога треба да добиете нешто што го посакувате.

Лав – Гастон од “Убавицата и ѕверот”

Вие изгледате неверојатно убаво и им се допаѓате на многу луѓе, но воопшто не ви се допаѓа кога ќе ви кажат „не“.

Девица – Судијата Клод Фроло од “Ѕвонарот на Богородичната црква од Париз”

Вие имате супер способности за планирање и имате фин статус во животот, но сте и многу манипулативни и важите за „вжештена глава“.

Вага – Грдана од “Заспаната убавица”

Вие имате неизмерна страст, но сеете страв и воопшто не сакате кога сте запоставени.

Шкорпија – Лошата кралица од „Снежана и седумте џуџиња”

Најубави сте од сите, тоа ветуваме, но не сакате конкуренција и сте многу љубоморни на други луѓе, за кои мислите дека ви се закана.

Стрелец – Круела Де Вил од “101 Далматинец”

Имате одлични модни погодоци и тоа е ваш заштитен знак, но имате и проблеми да ги сфатите потребите на другите луѓе во вашиот живот.

Јарец – Лејди Тремејн од “Пепелашка”

Вие сте полни со себе и зрачите со елеганција, но сте завидлива личност која по секоја цена ќе го добие тоа што го сака.

Водолија – Јизма од “Царевото ново одело”

Многу сте убедливи и точно знаете што сакате од животот, но начинот на кој ги правите работите е деструктивен и не сте баш најљубезни кон оние кои се трудат да ви помогнат.

Риби – Капетан Кук од “Петар Пан”

Вие сте лидер по природа, но воопшто не ги слушате останатите околу себе и мислите дека секогаш сте во право.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Времево во една слика

Најкреативните примери како да поправите некои непоравливи работи и потоа да бидете тотално воодушевени од самите себе