во

Мистериозна загатка која можат да ја решат само луѓе со висок коефициент на интелигенција

Млад детектив по име Жико разгледувал необичен случај, во кој станувало збор за убиство. Во случајот биле инволвирани 5 луѓе и сите се познавале меѓу себе. Еден од нив бил убиен со пиштол. За жал во документите не го пишувало името на жртвата, ниту пак на убиецот.

Жико внимателно ги разгледал документите и успеал да ги открие имињата на жртвата и убиецот со помош на неколку важни детали. Дали можете и Вие да одите по стапките на Жико и да откриете кој е жртвата, а кој убиецот во овој случај?

Панчо

Панчо е тенисер, аматер. Еден ден по злосторството тој бил дел од турнир и играл против личност која не била поврзана со случајот.

Боби

Боби се доселил во градот една година пред да се случи убиството. Тој се родил и израснал на мал остров, каде што поголем број од жителите се рибари. Затоа сонот на Боби е да поседува едреник за риболов.

Виктор

Виктор работи како манекен и е голем нарцис. Толку голем нарцис што само неколку дена пред убиството почнал да му позира на Мишко, кој се согласил да му направи целосен портрет.

Мишко

Мишко е познат уметник. Тој вели дека очекува да го заврши портретот на Виктор за една недела.

Сашко

Веднаш откако се случило убиството Сашко заминал на Антарктикот како дел од експедицијата за проучување на морски живот. Тој сѐ уште е на Јужниот Пол, заедно со 20 други научници.

Како додаток главниот детектив ги потенциралл следните важни околности:

Една недела пред да се случи убиството убиецот ја скршил ногата.

Сашко и Виктор се запознале 6 месеци пред убиството.

Сашко и убиецот се познавале од детството- израснале во соседни куќи во голем град.

Откако убаво размислил детективот Жико го открил името на жртвата и убиецот. Дали и Вие успеавте во тоа?

Одговорот ќе го најдете на втората страница…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Од шо имате сладолед?

Тато, ќе ми купиш автомобил со далечинско?