Подкасти

gg

GG е прв проект на GGTV. Сонуваме да изградиме комплетна онлајн гејминг телевизија со своја редакција, целодневна програма и се што има една стандардна (а.к.а. досадна) телевизија. Да се стримаат натпревари, рецензии, туторијали, независни емисии и подкасти. Да направиме точка во македонското гејминг компјунити која ќе ги спојува сите љубители и приврзаници на оваа култура. \o/ Секој понеделник од 22:00 часот на twitch.tv/ggtvmk

mkd20

MKD20 е гејминг подкаст каде тројца гејмери седнуваат на маса и ги дискутираат актуелните новости и збиднувања во (PC) гејминг сферата – или тангент разговори во зависност од желбите и интересите на присутните. Шоуто ќе се обиде да опфати широка плејада на теми поврзани со видео игрите и пропратната технологија. Се ќе биде без скрипта со цел резултатот да биде органска дискусија. Следете не секој вторник во 21:00 часот. на twitch.tv/mkd20

Вашиот подкаст овде