Се сретнал Пејо со кумот, им тргнал муабетот, се запиле…

Се сретнал Пејо со кумот, им тргнал муабетот, се запиле, се направиле камења. Излегле да си одат, кога Пејо наеднаш исповратил и целите алишта си ги направил лом.
– Леле, жена ми ќе ме убие кога ќе ме види каков сум.
На тоа кумот му рекол:
– Не се секирај куме, јас знам како да те спасам. Земи 20 евра, кога ќе влезеш дај и ги и речи „Еве ова од кумот, се извинува затоа што исповрати врз моите алишта.“
Пејо го послушал и така направил. Си дошол дома и како што е ред, жена му почнала да му се дере кога го видела каков се направил. Тогаш Пејо ја кренал едната рака за да запре, а со другата извадил пари од џебот.
– Еве ова е од кумот, рече да ти дадам 20 евра и да ти се извинам затоа што цел ме исповрати.
Жената зачудено ги зела парите и рекла:
– Па овде има 40 евра?!
– А, па и малку се потпосрав.

Loading...