во ,

Вистински Македонец си ако…

1. Мајка ти секогаш ти вика немој да јадеш сладолед и да пиеш ладна Кока Кола, бидејќи ќе те боли грлото;

2. Цел септември главна тема на муабет се ајвар, лутеница и сите други видови зимница;

3. Во секоја институција има редови до врата, затоа што службениците пијат кафе до пауза, а после пауза пак пијат кафе;

Реклама

4. Кога патуваш имаш најголеми куфери и плус две-три кеси;

5. Твоите соседи знаат многу повеќе за тебе, отколку самиот ти;

6. На гости си,стануваш да си одиш и пред врата муабетиш уште 2 часа;

7. Кога си бил мал секогаш ти ја местеле паричката за Бадник;

8. Секогаш доцниш и мислиш дека тоа е нормално;

9. Плачеш за работа, а откако ќе се вработиш постојано се жалиш дека ти е многу напорно;

10. Ако имаш повеќе од 20 години, а не си мажена/женет тогаш си стара мома или стар ерген, безнадежни;

11.По 100 пати на ден пиеш „турско“ кафе само за да ти „видат“ другарките во шољата се што што знаат за тебе;

12. Дома имаш апарати за домаќинство – последен „крик“ на технологијата, ама мајкати пак готви на стариот шпорет во подрум;

13. Сите околу тебе имаат прекари кои немаат врска со нивните имиња;

14. Некој од фамилијата ти е на „печалба“ во странство и кога ќе дојде ти дава 100 денари, за да си купиш се’ и кусурот да си го задржиш;

15. Дома на сите прозори ти висат завеси;

16. Ѓубрето задолжително го носиш до контејнерот, ама го фрлаш покрај него, никако внатре;

17. Секое второ дете игра фудбал, а најуспешни сме во ракомет и кошарка;

18. Иако имаш повеќе од 25 години, мајка ти уште ти вика немој да седиш на бетон ќе настинеш;

19. Имаш 10 килограми повеќе од колку што треба и мајкати ти вика леле колку си ослабел, земи сине касни нешто;

20. Само што си излегол од дома одма ти се јавуваат да видат кога ќе си дојдеш


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кога таштата ќе ти спреми ручек

Дедото со внуците…