
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи со драматична порака по оставката на неговиот шеф на кабинет, Андриј Јермак, предупредувајќи дека земјата е во критичен момент.
„Русија едвај чека Украина да прави грешки… Ако го изгубиме единството, ризикуваме да изгубиме сè – себеси, Украина и нашата иднина“, нагласи Зеленски во обраќањето на Фејсбук. Тој повика на сплотеност, истакнувајќи дека Украинците немаат право да се повлечат или да се свртат едни против други.
Консултации за нов шеф на кабинетот
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Зеленски официјално потврди дека Андриј Јермак ја потпишал својата оставка. Претседателот му се заблагодари за досегашната работа и најави дека веќе утре ќе започне консултации за тоа кој ќе го наследи Јермак на една од најмоќните позиции во украинската политика.


