во ,

Аларм во базата на Трамп: Евакуација поради бел прав, луѓе во болница

Неколку лица беа однесени во болница откако сомнителен пакет беше доставен во американската воена база „Здружената база Ендрус“ во Мериленд.

Два извори запознаени со истрагата потврдија дека пакетот содржел непознат бел прав, објавува Си-Ен-Ен. Во официјално соопштение од базата, која се наоѓа во близина на Вашингтон, се вели дека зградата е евакуирана откако едно лице „отворило сомнителен пакет“.

„Како мерка на претпазливост, зградата… беше евакуирана“, се вели во соопштението. Итните служби утврдиле дека нема непосредни закани, а истрагата е во тек. Лицата кои се чувствувале лошо по отворањето на пакетите беа однесени во болница, а степенот на нивната состојба сè уште не е познат.

Повеќе од само прав – во пакетот имало и пропаганда

Еден од изворите изјави дека првите теренски тестови од страна на тимот за ХАЗМАТ не откриле присуство на опасни супстанции, но истрагата продолжува. Просторијата каде што беше отворен пакетот – која се наоѓа во зградата на Центарот за подготвеност на Националната гарда за воздух – останува затворена.

Истражителите, според двата извори, го анализираат и пропагандниот материјал со политичка содржина што се наоѓал во пакетот.

Трамп бил во базата еден ден претходно

„Здружената база Ендрус“ е клучна воена база што редовно се користи за службени патувања од страна на високи американски функционери, вклучувајќи го претседателот. Претседателот Доналд Трамп бил во базата само еден ден пред инцидентот.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кина ѝ дише во вратот на Америка: Заплови „Фуџијан“, носач со технологија што ја има само САД.

Њујорк ја доби новата Принцеза Дијана? Сопругата на градоначалникот е модна икона преку ноќ