во ,

АЛБАНИЈА СЕ ВООРУЖУВА: Ќе купува хаубици, дронови и минофрлачи од Израел!

Албанија ќе биде опремена со напредно воено оружје и системи од Израел, објавија албанските медиуми повикувајќи се на извори од Тел Авив.

Според документот потпишан меѓу двете земји, израелската компанија „Елбит Системс“ (Elbit Systems) ќе ја снабдува Албанија со напредни артилериски системи, како што се хаубици, минофрлачи и беспилотни летала (дронови).

Повеќе од само набавка – Албанија ќе развива домашно производство

Како дел од овој договор, „Елбит“ исто така ќе ѝ помогне на Албанија да го развие сопственото домашно производство на воено оружје. Албанскиот министер за одбрана, Пиро Венгу, ја потврдил соработката, иако деталите ги опишал како доверливи. Тој посочил дека државната компанија „KAYO“ е таа што го води овој процес.

Договорот доаѓа по зајакнување на сојузништвото

Израелските медиуми нагласуваат дека договорот е во рамките на зајакнување на односите меѓу Израел и Албанија. Ова доаѓа откако Албанија на 10 ноември стана 64-та земја што се приклучи на Фондацијата на сојузници на Израел (ИАФ), формирајќи посебна парламентарна група (составена од пратеници од власта и опозицијата) за поддршка на Израел.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Искористете ја неделата: Денес е последниот сончев ден пред големиот циклон од Џенова

„ГЕНЕРАЦИЈАТА З“ СЕ КРЕНА: Хаос во Мексико Сити, 120 повредени – 100 од нив полицајци!