Бизнисмен влегол во банка во Њујорк и побарал заем од 5.000 долари за двонеделен службен пат на Филипини. Банкарскиот службеник го известил дека претходно ќе мора да обезбеди некаква гаранција за заемот. Човекот му ги предал клучевите од своето ново Ферари паркирано на улицата пред банката а банкарот се согласил да го прими автомобилот како хипотека.
Претседателот на банката и службениците му се изнасмеале на типот кој го употребил своето Ферари од 250.000 долари како гаранција за заем од само 5.000 долари.
По завршувањето на процедурата, еден од вработените ја паркирал колата во подземната гаража на банката. Две недели подоцна, бизнисменот се вратил од пат, ги исплатил позајмените 5.000 долари и каматата која изнесувала 15, 41 долар.
”Господине, многу сме задоволни што трансакцијата беше извршена успешно, но едно не’ чуди. Додека бевте на пат, ве проверивме и откривме дека сте мултимилионер. Зошто воопшто се мачевте да позајмите 5.000 долари?”, прашал банкарот.
”А каде на друго место во Њујорк можам да ја паркирам мојата кола на две недели за само 15,41 долари и да бидам сигурен дека нема да ми ја украдат?”
Купи 3, Земи 4!
-
Петок
699 ден -
La Linea v1
699 ден -
Книгосаурус
699 ден -
Хемија
699 ден -
Џаст До Ит!
699 ден -
La Linea v3
699 ден