во ,

БИ-БИ-СИ СЕ ИЗВИНИ, НО НЕ ДАВА ПАРИ: Трамп остана без милијардата, иако „паднаа“ оставки

Би-Би-Си му се извини на Трамп за монтираниот говор, но порача: „Нема основа за тужба“

Во спорот околу монтажата на документарна емисија, британскиот радиодифузен сервис Би-Би-Си (BBC) му се извини на американскиот претседател Доналд Трамп. Сепак, медиумот со седиште во Лондон, исто така, соопшти дека нема основа за тужба за клевета од страна на претседателот на САД, и покрај неговото барање за отштета од 1 милијарда долари.

Претседателот на Би-Би-Си, Самир Шах, според медиумот, испратил лично писмо до Белата куќа, во кое бара прошка за монтажата на говорот што Трамп го одржал на 6 јануари 2021 година.

Повеќе од само монтажа – изоставени клучни зборови

Во заднината на спорот е документарецот „Трамп: Втора шанса?“ кој бил емитуван во емисијата „Панорама“ една недела пред претседателските избори во САД во 2024 година. Во прилогот, биле монтирани исечоци од говорот на Трамп, поради што се создал впечаток дека тој директно ги повикал своите поддржувачи на упад во Конгресот. Притоа, биле изоставени деловите од говорот во кој Трамп ги повикува своите поддржувачи да маршираат „мирно и патриотски“.

Оставки во Би-Би-Си, но отштета нема да има

По критиките за обработката на говорот, генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви, и извршната директорка, Дебора Тернес, поднесоа оставки. Претседателот на Би-Би-Си, Шах, призна „погрешна проценка“ на медиумот.

Британскиот јавен сервис објави на својата веб-страница дека нема повторно да ја емитува емисијата, но и дека нема намера да плати отштета, и покрај заканата од тужба од милијарда долари од адвокатот на Трамп.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ГОРИ НАФТЕНОТО ПРИСТАНИШТЕ: Погоден цивилен брод во Новоросијск, 4 лица повредени

ЈА СЛИКАЛ ДОДЕКА УМИРАЛА: Девојчето (13) со црни очи 60 часа чекало спас, фотографот добил НАГРАДА!