во ,

Богати празници со „Лото 7“: Седумка од над 1 милион евра чека добитник

Празниците се време за среќа, а во декември, месецот на желби и надежи, играта на среќа „Лото 7“ нуди премија од над 1.000.000 евра која може да оствари многу соништа.

Државна лотарија потсетува дека до крајот на годината (од 10 до 31 декември) преостануваат точно 7 кола, односно 7 нови шанси за добивка. За безгрижно прославување на празниците, играчите имаат можност за предвремена уплата за 7 последователни кола.

Супер Попуст -25%

Со симболична уплата од 30 денари по комбинација, играчите влегуваат во трката за 29-тата „седумка“ во историјата на играта од 2010 година наваму. Досега среќата се насмевнала во многу градови ширум Македонија, а рекордната добивка од 1,7 милиони евра беше освоена во Охрид во 2024 година. Освен можноста за лична добивка, секоја уплата придонесува и за општествено корисни цели, поддржувајќи го образованието, спортот и културата.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германија со план од 10 точки за Украина: Заеднички инвестиции и производство на дронови

Трамп ја тужи Би-Би-Си за 5 милијарди долари: „Ми ги сменија зборовите што излегоа од мојата уста“