
Мухамед К. (15) почина во Турција во ужасни маки, откако неговите колеги од столарската работилница каде што го учел занаетот, направиле „болна шега“ која завршила фатално.
Хоророт се случил на 14 ноември во градот Шанлиурфа. За да се „пошегуваат“, колегите го врзале момчето, му ги соблекле панталоните и му турнале црево од компресор за воздух во анусот, по што ја вклучиле машината.
Експлодирале цревата, уапсени две лица
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Големото количество воздух под висок притисок предизвикало експлозија на цревата и сериозни повреди на сите внатрешни органи. По пет дена борба за живот, момчето починало во болница на 19 ноември. Полицијата веднаш уапсила двајца од неговите колеги.
Ова за жал не е изолиран случај – употребата на компресори за „забава“ уби уште двајца тинејџери во последните години, еден во Индија (2023) и еден во Бразил (2017).


