
На социјалните мрежи кружи застрашувачка снимка која го прикажува моментот кога шест метри долг питон напаѓа туристички водич, му се обвиткува околу вратот и го одвлекува во река.
Инцидентот се случил на островот Борнео во Индонезија, кога маж по име Херу пловел со група туристи. Додека се приближувале до брегот, ја забележале огромната змија како мирува меѓу гранките.
Драматична борба
На снимката се гледа како Херу, седејќи на работ од чамецот, посегнува со раката во матната вода и ја фаќа змијата во близина на главата – но во следниот момент ситуацијата се претвора во кошмар. Питонот ненадејно се грчнал и го повлекол човекот од чамецот, исчезнувајќи заедно со него под површината!
Во неколкуте драматични секунди што следат, водичот изронува, панично копрцајќи се додека змијата му се обвиткува околу торзото, рацете, а потоа и вратот. Остатокот од екипажот веднаш скокнал во водата. Двајца мажи се бореле со змијата – едниот ја држел нејзината глава, другиот опашката – додека се обидувале да ја одвојат од Херу.
Повеќе од само напад – го фатиле за наука
По напнатата борба, успеале да ја совладаат и да го ослободат несреќникот кој поминал без повреди. Змијата подоцна била фатена и извлечена на чамецот, каде што членовите на екипажот направиле неколку фотографии пред да ја пуштат назад во водата, пренесува News.com.au.
„Тоа беше најголемиот и најсилниот питон што некогаш сме го виделе“, изјавил Мохамад Алиса, кој ги снимил шокантните сцени. „Нашиот принцип е да не им нанесуваме штета на живите суштества. Фотографиите се исклучиво за научни цели.“
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







