Одлуката на најголемите политички групации во Европскиот парламент да ги отстранат термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од извештајот за Македонија предизвика бура од реакции.
Оваа одлука доаѓа по претходниот успех во Комитетот за надворешни работи, каде беше изгласана формулацијата за „вековен“ македонски јазик. Сепак, притисокот од Софија резултираше со целосен пресврт пред финалното гласање.
Бугарските европратеници слават: „Огромен успех, ЕП не е историски семинар“
Бугарската европратеничка од Европската народна партија (ЕПП), Ева Мајдел, го нарече ова „огромен успех за Бугарија и за здравиот разум“. Според неа, ЕП испраќа јасен сигнал дека европската интеграција не е платформа за решавање на историски спорови.
Нејзиниот колега, Петар Радев, пак, изјави дека Европскиот парламент не е историска институција. Тој смета дека темите поврзани со идентитетот создаваат „непотребна тензија“. Целта, според него, е дебатата да се врати на конструктивен колосек.
Османи со тешки обвинувања: „Ова е однапред договорена игра на Мицкоски“
Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, вината ја лоцираше директно кај премиерот. Тој го обвини Христијан Мицкоски дека свесно го отворил веќе затвореното прашање за јазикот. Според него, Мицкоски имал „таен договор“ со бугарските европратеници.
„Ова е однапред договорена игра на Мицкоски со Ковачев и Ќучук,“ тврди Османи. Тој смета дека барањето за „многувековен“ јазик било намерна провокација. Целта била да им се даде причина на Бугарите да реагираат и да се блокира процесот.
Нови амандмани: Сега бараат Протоколот да влезе во извештајот, а Владата да не биде „македонска“
Во меѓувреме, драмата во Брисел не завршува. Поднесени се и два нови, дополнителни амандмани. Со едниот се бара Протоколот, односно билатералниот договор со Бугарија, да стане дел од извештајот. Со другиот, пак, се бара терминот „македонска влада“ да се замени со „влада на Р.С.М.“. Ова претставува дополнителен удар и негирање на употребата на придавката „македонски“.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден -
Книгосаурус
699 ден
559.20 ден