
Битка меѓу Јотова и Ѓуров
Во трката за претседателската фотелја останаа двајца кандидати со силно политичко и институционално портфолио. Од едната страна е Илијана Јотова, која моментално ја извршува функцијата вршител на должноста претседател на државата. Таа настапува во тим со кандидатот за потпретседател Кирил Валчев, а нивната кандидатура ужива силна поддршка од владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и од Социјалистичката партија.
-
La Linea v11
699 ден
524.25 ден
Нивен директен противкандидат е Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и екс-гувернер на Бугарската централна банка. Заедно со неговиот кандидат за потпретседател, Георги Кандев, Ѓуров ја има целосната поддршка од прозападните опозициски сили во земјата.
Отворени над 9.300 избирачки места
Според официјалните податоци на Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија, право на глас на овие избори имаат речиси 6,6 милиони граѓани. За непречено одвивање на изборниот процес, низ целата земја се отворени 9.373 избирачки места кои ќе функционираат од 07:00 до 20:00 часот.
„Централната изборна комисија има рок од три дена по завршувањето на гласањето да ги објави конечните и официјални резултати од претседателските и потпретседателските избори“, информираат од ЦИК.


