
Бугарија денеска оддаде почит на медицинските работници кои несебично помогнаа во згрижувањето на повредените во пожарот во Кочани.
На свечена церемонија во Софија, по повод Светскиот ден на здравјето, беа доделени награди на медицински лица од Бугарија и други земји од Балканот, меѓу кои и петмина лекари од Македонија кои работат во Бугарија.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Наградите беа доделени од бугарскиот медиум „24 Часа“, кој веќе 25 години промовира позитивни примери на храброст и хуманост во земјата. Оваа церемонија беше посебна, како што истакнаа организаторите, бидејќи ја надмина границата на Бугарија, обединувајќи го Балканот во знак на солидарност.
Водителот на настанот, Најден Тодоров, потсети на трагедијата во Кочани, каде што загинаа 60 лица, а над 150 беа повредени, но и на брзата помош и поддршка што пристигна од медицински лица од Бугарија, Грција, Србија, Турција, Романија, Хрватска и Словенија, нагласувајќи ја способноста на балканските народи за хуманост без граници.
На свеченоста присуствуваше и Драган Елчинов од Амбасадата на Македонија во Софија. Наградени беа бугарски медицински лица од Воено-медицинската академија, „Пирогов“ и Итната помош, како и лекарите од Македонија: д-р Марија Кушевска од Кочани, д-р Татјана Ачова од Штип, д-р Костадинов од Пробиштип и д-р Даниел Кировски од Валандово, кои работат во Бугарија. Сите тие добија медали и дипломи „Балкан во 1 срце“.
Професор Николај Габровски, началник на клиниката по неврохирургија во „Пирогов“, им се заблагодари на сите колеги кои се вклучија во помошта и на повеќе од 800 луѓе кои даруваа крв, истакнувајќи дека сочувството кон болката на другите е знак дека има иднина.
Лекарката од Итна помош, Марија Алекова, исто така се обрати на церемонијата, говорејќи за предизвиците на нивната професија и за важноста на човечноста во тешки моменти.
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден








