во ,

„Вашиот син е зафатен, ќе му ја пренесам пораката“: Момче изнајмило помошник кој наместо него одговара на семејните пораки на „WhatsApp“

Семејните групи на „WhatsApp“ се полни со пораки за сè и сешто, а во истите членовите на семејството споделуваат работи од својот секојдневен живот. Но, без разлика дали сакаме да си го признаеме тоа или не, понекогаш знае да биде навистина напорно да се одговори на сето тоа.

Но, братот на Зак Џакуб сепак пронашол решение – едноставно му дал на својот секретар да одговара на пораките наместо него. Момчето објавило видео на ТикТок во кое објаснува сè.

Разговорот започнува така што нивниот татко напишал: „Заин, ако одговориш на пораката во рок од 2 минути, ќе ти платам 2 долари“.

Реклама

Не е ни чудно што тој има пари за помошник, платен само за да одговара на роднините. Исто така, многу побрзо ќе се ослободи од 75-те непрочитани пораки кои Зак ги има.

Во секој случај, како одговор на својот татко, Иан одговара (од бројот на Заин) со: „Извинете, тука е Иан, ќе ја пренесам оваа порака на Заин и ќе ви вратам кога тој ќе одговори“.

Зак потоа се јавил и напишал: „Нема шанси ова да е некој лик по име Иан“, а Иан одговарил: „Здраво, да, ова е Иан, јас сум помошник за состаноци и советник на Заин. Заин моментално е зафатен, но јас ќе му ги пренесам вашите пораки и тој наскоро ќе одговори, ви благодарам за трпението“.

Во неверување, Зак потоа одговара: „Нема шанси да те вработил за да одговараш на пораките во семејната група“, по што Иан одговорил: „Здраво на сите, ви благодарам за пораките, ги проследив до Заин и тој ќе ви одговори во најкраток можен рок. Ви благодарам”.

Зак подоцна на својот ТикТок профил објавил снимка од екранот со порака: „Она кога твојот брат ќе најми помошник да пишува наместо него во семејниот групен чет“.

Едно лице во коментари под видеото предложило:

„Започнете да го викате помошникот на семејните настани наместо Заин“.

Амер, таткото на браќата подоцна го искоментирал видеото за оние кои се посомневале во постоењето на Иан. Тој напишал: „Можам 100 отсто да потврдам дека Иан постои. Бев на „Zoom“ со него пред еден месец“.

Друга личност која била во слична ситуација искоментирала дека кога живеела во Лос Анџелес, го правела истото за својот шеф, пишува „LADBible“.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трпе влегува во продавница и бара 100 грама салама…

Дедо кој танцува покрај базен го освои интернетот – неговите врсници играат шах, а тој “лудо” се забавува