во ,

Вештачка интелигенција запеа на македонски: Дали ова е иднината на музиката?

Македонската музичка сцена добива нова, современа димензија со првиот проект кај нас кој користи ВИ вокали – иновација што обединува вештачка интелигенција и човечка креативност.

Музиката и текстовите се заедничко дело на Ристо Катевеновски и Иле Спасев, кој е и аранжер и продуцент. Идејата била на Спасев, кој му понудил на Катевеновски да користат ВИ-вокали за неговите композиции, што Катевеновски го опиша како „револуционерен“ проект.

По неколку месеци работа и илјадници проби, тие создале неколку оригинални песни, кои веќе се објавени на Јутјуб каналот „Мартин и Мартина“. „Решивме да им дадеме шанса на ваквите ВИ-пејачи и да видиме колку далеку може да се оди. Резултатот звучи изненадувачки реално“, вели Иле Спасев.

Повеќе од само експеримент – отворена соработка

Авторите очекуваат различни реакции, бидејќи станува збор за нешто сосема ново. Тие истакнуваат дека сите песни се отворени за соработка со „вистински“ пејачи, без разлика дали се македонски или странски изведувачи. Целта е музиката да живее и да инспирира нови гласови, спојувајќи ја технологијата и уметноста во хармонија.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Иднината на пивото: „Хајнекен“ ќе се вари со џиновска батерија од 100 MWh

„Патувањето е привилегија, а не право“: ЕУ им ги укинува визите со повеќе влезови на Русите!