во ,

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не се реформира туку се рециклира, заевизмот е сè уште жив

„СДС повторно демонстрира неспособност да понуди нешто ново.“

„Со месеци наназад зборуваа за некоја реформација и за нови лица. Кои се и каде се тие нови лица?“ прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ во своето најново соопштение. Тие сметаат дека СДС ги излажал граѓаните.

„Филипче ветуваше реформи, а нуди стари и истрошени кадри“

„Филипче откако ја презема партијата се обидува да наметне некој наратив за реформирање,“ велат од таму. „А сега, во прва прилика кога треба да го оправда тоа што го зборуваше, тој повторно нуди имиња на познати стари ликови.“

Реклама

„Јавноста повторно е сведок на истите шеми на СДС. Кандидатите кои СДС ги нуди докажуваат дека заевизмот и понатаму е наративот по кој Филипче ја води партијата,“ се вели во соопштението. Според ВМРО-ДПМНЕ, овие кадри се познати низ општините по скандали и уништен углед.

„Криминални мрежи маскирани во социјалдемократи“

Од кандидатите, велат од партијата, не се очекува развој, туку само послушност кон раководството. „За какви интелектуалци зборуваше Филипче? За интелектуалци врзани за СДС како приврзоци базирани на лична лојалност наместо на компетентост?“

„А тоа што Филипче сега е играч во кампањата, Филипче кој е симбол на здравствениот хаос и сомнителните тендери, тоа само покажува дека СДС не се реформира туку се рециклира.“ „Со вакви луѓе, СДС тргнува во уште еден сигурен пораз. Граѓаните ги препознаваат овие криминални мрежи маскирани во социјалдемократи.“

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Не сум задоволен“: Трамп за исходот од едночасовниот телефонски разговор со рускиот претседател

Грандиозна инвестиција од 30 милиони евра, Македонија станува регионален хаб за автомобилската индустрија