во , ,

Внатрешната контрола на МВР со брза реакција: Што точно се случило денеска на улицата „Борка Урот“ во Прилеп?

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување, се огласија од МВР.

Станува збор за постапување од страна на полициски службеници во Прилеп. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презеде соодветни мерки. Тие велат дека случајот е целосно расчистен.

Од извршените проверки, ОВККИПС констатираше дека на 05.07.2025 во 12:00 часот, сменоводителот на БПС Прилеп го упатил полицискиот службеник А.К. Тој бил со специјално возило пајак. Бил упатен да оди на улицата „Борка Урот“ за да постапи во врска до неправилно паркирани возила.

Реклама

Полицискиот службеник со специјалното возило затекнал непрописно паркирано возило „цитроен“. Но, пред да го подигне, на местото дошол сопственикот на возилото, Н.К. од Прилеп. Од страна на полицискиот службеник му бил веднаш издаден прекршочен платен налог. Налогот е во износ од 40 евра. Изготвен бил и записник за сторениот прекршок.

Инаку, од МВР информираат и дека во текот на денешниот ден министерот за внатрешни работи Панче Тошковски не бил во посета на ОВР Прилеп. Тој воопшто не бил ниту на територија на градот Прилеп.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На 95-годишна возраст почина Цане Андреевски – „Поетот на добрината“

Политички земјотрес: Илон Маск формираше нова партија!