
Триесет и еден човек загинаа синоќа во тешки судири во затвор во југозападниот еквадорски град Мачала.
Во бруталното насилство помеѓу ривалски групи затвореници биле употребени огнено оружје и експлозиви. Овој инцидент е уште еден во низата смртоносни судири во затворскиот систем на земјата.
Повеќе од само бунт – бојно поле на нарко-банди
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Еквадорските затвори веќе со години важат за бојно поле помеѓу ривалските нарко-банди. Од 2021 година досега, во судирите во еквадорските затвори се убиени речиси 500 луѓе.
Ова е втора голема трагедија во истиот затвор за нешто повеќе од еден месец. На крајот на септември, во вооружени судири во затворот во Мачала загинаа 14 лица, меѓу кои и еден чувар.


