во ,

ВУЈКОТО ОД АМЕРИКА“ ИЛИ ВОНЗЕМЈАНИ? Снимки од чудна светлина над Хрватска го обиколија Балканот

МИСТЕРИЈА НА НЕБОТО НАД БАЛКАНОТ: Чудна светлина ги преплаши граѓаните во Хрватска – астрономите открија за што станува збор (ВИДЕО)

Жителите на Хрватска, од Истра и Риека па сè до Славонија и Далмација, денеска попладне беа сведоци на необичен феномен. На небото се појави силна бела светлина која во еден момент се раширила како „крилја на пеперутка“, почнала да се врти во спирала и наеднаш исчезнала.

„Леташе како бела светлина, па исчезна“

Супер Попуст -25%

Читателите на регионалните медиуми со денови споделуваат снимки од феноменот. „Не знаевме што е тоа. Прво беше само точка, а потоа светлината се рашири и направи неверојатна форма пред едноставно да испари“, раскажуваат сведоците на овој настан.

Вселенска мисија на SpaceX е „виновникот“

Астрономите од „Крометео“ веднаш ги смирија граѓаните. Не станува збор за НЛО, туку за лансирањето на ракетата Falcon 9 на компанијата SpaceX. Ракетата полета од Калифорнија, а мисијата наречена „Twilight“ имала за цел да постави товар во специфична орбита околу Земјата.

Зошто светлината изгледаше толку чудно?

Експертите објаснуваат дека ваквата светлинска спирала или облак се појавува кога горниот дел од ракетата испушта преостанато гориво. Иако долу на земјата е веќе ноќ и темница, на голема надморска височина Сонцето сè уште ги осветлува овие честички, создавајќи спектакуларен визуелен ефект кој се гледа од илјадници километри оддалеченост.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТРАТЕШКИ ПРЕСВРТ: Германија и Израел формираат фронт против Иран и неговите терористички мрежи

СТРАЖА НА СЕВЕРОТ: Европа праќа војска на Арктикот за да го сопре Трамп да го земе Гренланд