во ,

„Гледам 100 пати и цркнувам“: падот на фолклористот што го „урна“ тикток

Една урнебесна снимка од настап на КУД „Градимир“ ги насмеа сите што ја погледнаа, толку многу што многумина се прашуваа како луѓето во орото, оркестарот, па и самиот камерман, останале присебни.

Без сомнеж, во прашање е професионалниот став на фолклористите и сите што присуствувале, но видеото насловено „Кога ќе помислиш дека имаш сè под контрола“ брилијантно ги опишува не само пеховите што можат да се случат во важни моменти, туку и секојдневието на сите луѓе.

За сите храбри борци

Самата снимка започнува со стандарден приказ на орото кое одлично го играат членовите на КУД „Градимир“, но фокусот е на еден маж кој по позиционирањето се сопнува и паѓа наназад среде сцената, повлекувајќи ги и жените до него.

Сепак, веднаш потоа, како што им прилега на професионалци, тој станува и орото продолжува како ништо да не се случило. Широките насмевки, ритамот и почитта кон играта не беа нарушени и покрај пехот, што е одлична порака за животот воопшто.

Снимката е проследена со аудио запис од серијата „Село гори, а баба се чешла“, кој одлично ѝ прилега. Досега има собрано десетици илјади „лајкови“ и стотици коментари.

„Гледам 100 пати и цркнувам од смеа“

„Гледам 100 пати и цркнувам“, „Ама како само продолжи“, „Јас да свирев зад него, ќе умрев од смеа“, „Добро се изнасмеав, хахаха“, „Јао, уште ова фали да ми се деси на настап“, се само некои од нив.

Оние кои не ја истакнаа само смешната страна, го пофалија мажот, а и како не, кога станува збор за исклучително професионална реакција по грешка што можела секому да му се случи: „Ова е оној принцип: Ќе паднам, ќе станам, ќе ја наместам круната и ќе продолжам! Капа долу за професионалецот“.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пропаѓа планот за самитот Трамп-Путин во Будимпешта?

Најубавите деца на светот: Ана Курникова објави ретка семејна фотографија