
Гледањето оригинални уметнички дела може да го ублажи стресот, да го намали ризикот од срцеви заболувања и да го зајакне имунолошкиот систем, објавено е во првата студија од ваков вид, направена од Кралскиот колеџ во Лондон.
Истражувачите ги мереле физиолошките реакции на учесниците додека во галерија гледале ремек-дела на светски познати уметници, вклучувајќи ги Едуар Мане, Винсент ван Гог и Пол Гоген.
Влијание врз општото здравје
Научниците утврдиле дека уметноста позитивно влијае на имунолошкиот, хормоналниот и нервниот систем истовремено, што никогаш претходно не било забележано. Наодите укажале дека гледањето оригинална уметност не само што емоционално ги придвижува луѓето, туку и го смирува телото и го унапредува општото здравје.
Клучната „цака“: Оригинал или копија?
Студијата опфатила 50 лица, од кои половина гледале оригинални уметнички дела во галеријата „Кортолд“ во Лондон, додека другата половина гледала висококвалитетни репродукции (копии) од истите слики во обична канцелариска средина.
Резултатите биле фрапантни. Кај оние кои ги гледале оригиналните уметнички дела, нивото на хормонот на стрес (кортизол) паднало во просек за 22%. Кај групата што гледала репродукции, падот бил само 8%.
Уште поважно, воспалителните маркери (цитокини) поврзани со стрес и хронични болести, паднале за речиси 30% кај групата во галеријата, додека кај другата група немало никаква промена. Ова сугерира дека клучот е во искуството на гледање на оригиналот во живо.
Повеќе од само емоција – влијание врз три телесни системи
Истражувачот Тони Вудс објаснил дека наодите сугерираат оти „културните искуства можат да играат вистинска улога во заштитата и на умот и на телото“.
„Од научна перспектива, највозбудливиот заклучок е што уметноста имаше позитивно влијание врз три различни телесни системи – имунолошкиот, ендокриниот и автономниот нервен систем. Ова е уникатно откритие. Накратко, уметноста не нè придвижува само емоционално – таа и го смирува телото“, заклучил Вудс.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







