
Илузија за брза заработка и стотици оштетени
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, измамата се одвивала во периодот од декември 2025 до април 2026 година. Измамниците користеле мобилна апликација и канал со неколку стотици претплатници, каде нуделе лажни ветувања за брзи и големи финансиски добивки. На тој начин, тие навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат свои средства на целосно фиктивна платформа.
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Иако до Секторот за компјутерски криминал пристигнале само пет официјални пријави, деталната проверка на финансиските извештаи од трансакциската сметка на првопријавената покажала дека бројот на жртви е драстично поголем. Стотици граѓани претрпеле значителна финансиска штета, но повеќето од нив не го пријавиле случајот во полиција.
Меѓународна истрага и следење на крипто-трансакции
Разоткривањето на сторителите е резултат на повеќемесечна истрага во која биле вклучени повеќе домашни и странски институции. Полицијата извршила информативен разговор со осомничената од Битола и ги одзела нејзините електронски уреди. Дигиталната форензика на екстрахираните податоци ја потврдила пишаната комуникација и кривичното дело.
За откривање на вториот осомничен од Естонија, била извршена стручна анализа на крипто-трансакциите. Преку меѓународни безбедносни платформи, истражителите успеале да обезбедат целосни информации за сопственикот на крипто-паричникот каде завршувале парите.
„Апелираме граѓаните да не веруваат во лесна и брза заработка преку интернет. Измамниците преку социјалните мрежи, лажни профили и телефонски повици нудат инвестирање во криптовалути, наведувајќи ги луѓето да уплатат пари на лажни платформи кои можат да изгледаат целосно легитимно“, предупредуваат од МВР.


