во , ,

Голема трагедија во соседна Бугарија: Македонец е меѓу загинатите откако 19-годишен возач со автомобил влета во ресторан

Македонски државјанин загинал во тешка сообраќајна несреќа во бугарскиот град Разград.

Несреќата се случила кога 19-годишен возач влетал со својот автомобил во тераса. Терасата на преполниот ресторан била полна со гости. Младиот возач управувал автомобил во сопственост на неговиот татко.

Според првичните информации, тој изгубил контрола врз возилото. Потоа, со голема брзина удрил во гостите кои седеле на терасата. Помеѓу загинатите, освен македонскиот државјанин, има уште двајца. Станува збор за двајца мажи од Бугарија.

Првичните тестови кои биле направени на возачот покажале негативен резултат. Тој не бил под дејство на алкохол или на наркотици. Против 19-годишниот возач е веќе поднесено обвинение. Се очекуваат повеќе детали за оваа трагедија.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ужас во зоолошка градина: Лав ѝ откина рака на жена, но нема да биде успиен

Голем пожар во Ѓорче Петров: Горат штали, се слушнале и експлозии, се стравува за животот на сопственикот