во , ,

Голем пожар во Ѓорче Петров: Горат штали, се слушнале и експлозии, се стравува за животот на сопственикот

Голем пожар попладнево избувна во скопската населба Даме Груев, во општина Ѓорче Петров.

Според првичните информации, пожарот избувнал покрај пругата. Тоа е во близина на железничката станица во Ѓорче Петров. Горат импровизирани објекти, односно дивоизградени штали во кои се чувал добиток.

Во моментов, неколку камиони на Противпожарната бригада на Град Скопје сè уште се на терен. Тие работат на целосно гаснење на пожарот. Очевидци на настанот тврдат дека слушнале и експлозии.

Реклама

Исто така, постои и страв за безбедноста на „сопственикот“ на шталите. Според кажувањата на очевидците, тој се наоѓал внатре во објектите кога започнал пожарот. Засега нема официјална информација за неговата состојба. Повеќе детали се очекуваат од ЦУК, Противпожарната бригада, како и од МВР.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Голема трагедија во соседна Бугарија: Македонец е меѓу загинатите откако 19-годишен возач со автомобил влета во ресторан

Вучиќ го цензурира Ѓоковиќ? Српските телевизии го „исекоа“ неговиот повик „Пумпај!“