
Оштетена инфраструктура и прекин на струја, греење и вода во Киев
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, упати итен апел до жителите на украинската престолнина да не користат автомобили. Тој потврди дека во разорниот напад биле оштетени три моста на Днепар, а сериозно е нарушено и снабдувањето со електрична енергија, греење и вода во делови од градот.
Според соопштението на украинската војска, ноќешниот напад траел неколку часа и бил изведен со комбинација од дронови, балистички и крстосувачки ракети. Проектилите биле лансирани од стратешки бомбардери „Ту-160“, кои полетале од воздухопловната база „Украинка“ на Далечниот Исток на Русија.
Нападнати повеќе украински градови по заканата на Путин
Покрај главниот град, цел на руските удари биле и Харкив, Днипро, Криви Рих, Ивано-Франкивск, како и Лвов, каде што животот го загубија две лица.
Оваа ескалација следува веднаш по самитот во Кина со Доналд Трамп и Си Џинпинг, по кој рускиот претседател Владимир Путин се закани дека Москва ќе одговори на неодамнешните украински напади врз Кримскиот мост, кој неделава претрпе сериозни оштетувања.
„Во нападот биле оштетени три моста на Днепар и е нарушено снабдувањето со електрична енергија, греење и вода“, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, апелирајќи до граѓаните да не користат автомобили.
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден







