
Трите „ЛЕД-гребнатини“ од двете страни на хаубата, како лавовски канџи, правоаголните фарови и знакот на лавот во средината, јасно го покажуваат моќниот карактер на новиот Peugeot 3008.
Peugeot продолжува со брилијантниот дизајн, а третата генерација на моделот 3008, кој првично не беше премногу забележлив, сега доаѓа како вистинско стилско освежување. На нашиот тест се најде хибридната верзија, која сега има и значително намалена цена – 30.990 евра, што е за речиси 5.000 евра помалку од минатата година.

Еволуција, а не револуција
Претходната генерација на 3008 беше клучна за враќањето на Peugeot на сцената, благодарение на извонредниот ентериер. Новата верзија не го руши тој концепт, туку го надградува. Најголемата новина во внатрешноста е големиот, закривен екран и унапредениот i-Toggle систем. Со панорамскиот i-Cockpit, амбиенталното осветлување и квалитетот на материјалите, 3008 остава премиум впечаток.

Повеќе од само стил – каков е во возење?
Позицијата на возачот е идеална, а управувачот е брз и прецизен. Сепак, модерниот дизајн си го земал данокот на задната клупа. Доколку возачот го помести седиштето до крај, зад него не останува премногу место за колената. Значи, двајца покрупни мажи, еден зад друг, тешко ќе уживаат на подолги релации.
Она што го вози овој модел е значително преработен 1,2-литарски турбо-бензинец со три цилиндри, кој сега е дел од благ хибриден систем од 48 волти. Има 136 коњски сили и нов шестстепен автоматски менувач со двојна спојка. Иако не дава огромни заштеди, градската потрошувачка ни беше под 6,5 литри, што е одлично. До 100 км/ч стигнува за 10,2 секунди, а работи култивирано и без бука. Како вистински „Французин“, вешто ги „пегла“ нерамнините на патот, иако понекогаш знае да биде и малку потврд, на „германски“ начин. Peugeot 3008 останува еден од најважните модели во сегментот, каде имиџот и стилот се неизбежен дел од пакетот.
- 
La Linea v1699 ден
 559.20 ден
- 
Петок699 ден
 559.20 ден
- 
La Linea v3699 ден
 559.20 ден
- 
Спаси ја водата, пиј пиво699 ден
 559.20 ден
- 
Јас сум толку стар699 ден
 559.20 ден
- 
Џаст До Ит!699 ден
 559.20 ден
 
 
 








