во ,

Дали авионот навистина „го пресече“ виножитото? одговорот на науката ќе ве разочара

Снимка од пилотската кабина на мал авион, кој лета директно кон виножито, стана вирален хит на социјалните мрежи и предизвика лавина од коментари.

Како што леталото се приближува, шарените лакови стануваат сè пошироки и поинтензивни, а потоа исчезнуваат – како во еден момент авионот да ги „пресекол“.

Викенд Намаление

Снимката на почетокот на октомври ја објавил 26-годишниот Ник Браун, со порака: „Вака изгледа кога летате директно во виножито“. Тој летал над рурално подрачје во јужна Флорида.

„Мојот пријател управуваше со авион ‘Цесна 172’. Набргу по полетувањето забележавме виножито и бидејќи и онака летавме во тој правец, одлучивме да поминеме низ него“, рекол тој.

Виножитото е оптички феномен, а не физички објект

Иако изгледа дека авионот го „пресекува“ виножитото, научниците објаснуваат дека тоа не е реалност – бидејќи виножитото не е опиплива работа што постои на одредено место, пренесува „Newsweek“.

Претставници на Националната служба за океански и атмосферски податоци (NOAA) објаснуваат дека виножитото е оптички феномен кој настанува кога сончевата светлина и атмосферските услови совршено ќе се совпаднат, а набљудувачот ќе се најде под вистинскиот агол во однос на сонцето и капките вода во воздухот. Бидејќи авионот се движи, аголот постојано се менува, па така илузијата исчезнува.

Иако виножитото обично го гледаме во форма на лак, експертите наведуваат дека од авион понекогаш е можно да се види цел круг. „Виножитото всушност формира полн круг, но од земјата го гледаме само неговиот дел. Од авион, ако условите се идеални, може да се види целото кружно виножито“, наведуваат од NOAA.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вашата ограда е првиот впечаток, немојте да погрешите со естетиката

Првпат снимен хорор во 0,1 секунда: Kако змијата-отровница го вбризгува отровот