Полицајците од Дарбишир во Англија ја покренаа својата, како што самите ја нарекоа, „најчудната досега“ потрага, откако во канал во селото Вилингтон бил забележан мртов крокодил.
Кога пристигнале на лице место, од големиот рептил немало ни трага, што го натерало Тимот за рурален криминал на Дарбишир да покрене истрага и да се обрати до јавноста преку социјалните мрежи.
„Знаеме дека ова е веројатно најчудната молба која некогаш се нашла на нашата Фејсбук страница, но апелираме за ваша помош во врска со наводниот крокодил кој е пријавен како фрлен во јужен Дарбишир. Да, добро прочитавте, крокодил!“, објавила полицијата заедно со фотографија од животното.
Полицијата ја споделила фотографијата од животното, за кое се верувало дека е фрлен егзотичен миленик. „Претпоставуваме дека овој мал пријател не е автохтон за Дарбишир. Ако имате било какви информации каде се наоѓа крокодилот сега… ве молиме контактирајте нè. За појаснување, иако не сме медицински експерти, јасно ни е дека крокодилот е мртов“, навеле од полицијата.
Мистеријата е решена
Иако полицијата се плашела дека се работи за несовесно фрлен егзотичен миленик, мистеријата за неговото потекло била брзо решена. Полицијата им се заблагодарила на сите што го споделиле апелот и објавила: „Сега можеме да потврдиме дека мистеријата е решена!“.
Еден граѓанин се јавил и објаснил дека крокодилот всушност бил препараторски трофеј, полнет со слама, пренесува Би-Би-Си (BBC).
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден