во ,

Дедо попе, јас се лизнав, те молам прости ми ги гревовите…


Во еден град сите биле многу побожни.

Кога жените ги изневерувале своите мажи, оделе кај попот да се исповедат, за што ја користеле лозинката:

– Дедо попе, јас се лизнав, те молам прости ми ги гревовите.

Од мажите во селото само попот и градоначалникот го знаеле значењето на лозинката.


Но една зима попот се разболел и на негово место привремено испратиле друг поп.

На крајот на првиот ден, откако им ги опростил гревовите за лизгањето на многу жени, попот отишол кај градоначалникот и го замолил да фрли песок по улиците, бидејки
жените цел ден се лизгале.

Градоначалникот не издржал и почнал да се смее на глас, а попот му рекол:

– Смеј се само се смеј градоначалнику, но твојата жена нозе ќе искрши, денес три пати се лизна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Па каде си, љубов моја, те нема да се јавиш седум дена…

18 Кујнски уреди чијашто намена не изненади денес