во ,

„Денес ни е прекрасен ден“: Тијана му пееше на кучето Баџа за осмиот роденден

Тијана Дапчевиќ има домашен миленик, кучето Баџа, на кое денес му го слави осмиот роденден.

Тијана Дапчевиќ баш се потрудила да му направи угодување за овој ден. Таа нарачала специјална торта за кучиња, а потоа на масата украсила сè во роденденски мотиви. Овој деликатес за кучето Баџа бил украсен со стикери во облик на смајли и срца, тука било и неговото име и роденденска свеќичка со бројот 8. Исто така, Баџа добил и бонбони (награди) со кои ќе се заслади.

Викенд Намаление

Тијана овие кадри ги снимила за социјалните мрежи. „На мојот најдобар другар Баџа денес му е 8. роденден“, напишала таа на мрежите. Таа, исто така, го сместила кучето на столче и му пеела: „Денес ни е прекрасен ден, на Баџица му е роденден“.

Повеќе од само роденден – бизнисот со ореви

Пејачката Тијана Дапчевиќ ретко зборува за приватниот живот, а со сопругот Милан ужива во љубов повеќе од две децении. Таа откри дека нејзиниот сопруг почнал бизнис со ореви, што таа сега на шега го прокоментира.

„Милан е земјоделец, а јас сум земјопоседник. Негово е да работи, а мое е да трепкам и да позирам за Инстаграм. На шега велам дека не ми е тешко да млатам ореви, бидејќи тоа наместо мене го прават машини“, рекла таа.

Потсетуваме, Тијана и Милан своевремено се најдоа во центарот на скандал кога тој беше фатен во незгодна ситуација со една келнерка, а како што пренесоа медиумите, Тијана му го простила овој „излет“ и повеќе никогаш не зборувала за тоа.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јапонија веќе ги користи, но резултатите се „измешани“, дали им веруваме на роботите?

„Ќе ја вложиме целата енергија“, Јамајка ќе се крене по хоророт на „Мелиса“