Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија неколку пати укажува на министерот за здравство и на јавноста дека нивните права како пациенти се загрозени.
Тие велат дека се прекршени правата на корисниците на инсулинска терапија и на друга современа антидијабетична терапија. Исто така, тие се жалат и дека критериумите за избор на помагала како ленти и сензори се сведуваат само на најниска понудена цена.
Нема лекови за нови пациенти, а постоечките се во ризик
Како што појаснуваат од сојузот, тендерот за набавка на инсулинска терапија е завршен пред речиси два месеци. Сепак, во овој момент, дијабетичарите сè уште немаат достапни количини за новопоставени пациенти. Тие се чувствуваат целосно излажани, бидејќи ова било најавено како големо постигнување.
„Количините на инсулинските производи по инсулинските аптеки се сведени на минимум. Со тоа не се обезбедуваат предуслови да се задоволат потребите ниту на постоечките пациенти,“ велат од сојузот.
Ревизија на терапијата во „сали за состаноци“?
Понатаму, тие информираат и дека од доктори ендокринолози добиле информација. Според неа, комисијата за дијабетес ќе почне да прави ревизија на постоечката терапија. „Дали оваа ревизија значи дека терапијата ќе ни биде сменета?“ прашуваат од сојузот.
„Како Вие како пациенти ќе ни објасните дека ќе добиваме терапија по ревизија која нема да се прави во лекарска ординација, туку во сали за состаноци во министерството?“ Тие прашуваат и дали ова значи дека комисијата не им верува на стручните ендокринолози.
Барања до министерот и закана со протести
Од сојузот се чувствуваат обесправени. Тие бараат итна промена на законските ингеренции на националната комисија. Исто така, бараат новите количини од терапијата да бидат веднаш испорачани. И итно распишување на тендер за глукометри и сензори со прифатливи критериуми.
Тие се подготвени за ревизија, но на работењето на комисијата од 2014 и 2015 година. Тогаш, како што велат, истата комисија дала амин за паралелен увоз. Доколку министерот не одговори на нивните барања, тие најавуваат протест пред Министерството за здравство и пред Владата.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден