во ,

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 10 НОЕМВРИ: Близнаците пукаат по шевовите, Лавовите го губат целото богатство одеднаш

Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.

Астролог Олга Савиќ

ОВЕН

Имате свои дилеми поради ситуации кои останале недоречени и не сте сигурни како во моментов да постапите. Почекајте малку работите да се разјаснат. Многу интензивни и страсни моменти со саканата личност. Можности за нови познанства.

БИК

Нервозата на работа е присутна, а соработниците се напорни, бараат многу и ви ја одземаат енергијата. Се трудите да функционирате коректно и да бидете одговорни кон обврските. Некои однесувања на саканата личност не ви одговараат, но не сакате да кревате тензија во односот.

БЛИЗНАЦИ

Многу време денес ќе ви отиде на објаснување на некои сосема вообичаени работи и ситуации. Но, изгледа дека оние околу вас воопшто не се фокусирани и мора сè да им „нацртате“. Саканата личност како намерно да ве „чепка“ и провоцира.

РАК

Можни се недоразбирања и погрешно протолкувани информации. Исто така, обрнете повеќе внимание на сите бирократски прашања – особено на важните документи. Се обидувате да започнете комуникација со личност која ви е интересна, но тоа оди со осцилации.

ЛАВ

Многу време ви одземаат обврските на кои морате да им посветите внимание, а нивното решавање не оди без компликации. Можни се зголемени трошоци, најпрво поврзани со куќата и членовите на семејството. Имате површна комуникација со партнерот.

ДЕВИЦА

Ќе ви требаат и многу нерви, но и многу организација за да го завршите овој ден без поголеми пропусти или грешки. Ви следува исто така и трка со времето. Можност за непланиран состанок со личност која ве привлекува. Во емотивните приказни – нервоза.

ВАГА

Колку и да сте самоуверени и способни, малку е веројатно дека можете да завршите сè што сте презеле на себе. Не сакате да барате помош, а ви е потребна. Може накратко да ве онерасположат информациите кои сте ги добиле за личноста која ве привлекува.

ШКОРПИЈА

Тоа што сте решени да го завршите она што сте го испланирале и што не се откажувате од ова – не значи дека сè ќе оди според вашите желби. Многу работи ќе ви го одвлекуваат вниманието и ќе ви носат краткотрајни дистракции. Во контакт сте со повеќе интересни личности.

СТРЕЛЕЦ

Не сте во целост фокусирани на работата, мислите ви лутаат, па дури и можете да бидете оптоварени со секакви прашања. Сето ова дава можности за пропусти, па обидете се да се сконцентрирате. Размислувате за постапките на саканата личност кои ве изненадиле.

ЈАРЕЦ

Оние на кои сте сметале немаат време, а оние за кои не сте мислеле дека ќе ви помогнат – денес ви се од голема корист. Напорно и напорно претпладне, но работите подоцна се смируваат. Ниту партнерот, ниту вие немате денес простор еден за друг.

ВОДОЛИЈА

Сакате на шест страни одеднаш, а тоа едноставно не е можно. Обидете се да го издвоите она што ви е вистински важно, бидејќи во спротивно само ќе си направите збрка. Немате време за празни муабети, па дури ни за саканата личност.

РИБИ

Сте добиле информација или понуда која ви е интересна, но за која воопшто не сте сигурни како ќе се одрази на вас понатаму. Не се оптоварувајте, денес и онака не можете да добиете одговори. Недоволно време да ѝ се посветите на личноста што ја сакате.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дали е ова реално? Во Норвешка постои кружен тек ВНАТРЕ во тунел (ВИДЕО)

УХМР ИЗДАДЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пороен дожд (над 30 л/м²), грмежи и силен ветер!