во ,

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 14 НОЕМВРИ: Лавот мора да се адаптира, Скорпијата треба внимателно да размисли пред да направи потег

Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.

Астролог Олга Савиќ

ОВЕН

Денес е можна напнатост во соработничките односи, но и со авторитетите. Не брзајте, обидете се посмирено и порационално да ги согледате случувањата. Имате чувство дека саканата личност се оддалечува од вас и дека не ви посветува доволно внимание и време.

БИК

Тврдоглавоста и импулсивноста, без разлика дали е ваша или на оние околу вас – може да произведе краткотрајна тензија или нервоза. Обидете се да не бидете премногу ригидни во своите ставови. Обидете се нервозата која моментално ја чувствувате да не ја пренесувате на саканата личност.

БЛИЗНАЦИ

Постојано ќе се борите со комплицирани и напорни ситуации и луѓе. Бидете трпеливи, решенијата ќе се отворат. Партнерот може да ви замери поради вашата преголема посветеност на друштвото, пријателите. Размислете дали е во право по ова прашање.

РАК

Напорна комуникација и комплицирани ситуации со соработниците и шефовите. Намалете ја импулсивноста, бидете подготвени да ги сослушате оние кои се преку патиштата и сето ова може коректно да се реши. Потребно ви е да поминете време со пријателите и да се опуштите.

ЛАВ

Сте планирале едно, а „на терен“ се случува нешто десетто. Немате многу опции освен да се обидете да се прилагодите. Можно е да не успеете да ги завршите обврските навреме, и тоа поради доцнење од страна на колегите. Емотивно – денес коректно.

ДЕВИЦА

Колку и да го сакате тоа, денес тешко дека ќе успеете да ги вклопите приватните и деловните обврски. Нешто мора да преовладее и да ви одземе голем дел од времето. Во организацијата е клучот. Не можете моментално да ги остварите своите желби кога е во прашање симпатијата или партнерот.

ВАГА

Ако другите не сакаат да се променат, ќе морате тоа да го направите вие. Денес сте во контакт со импулсивни и напорни личности и ако одговорите со иста мера – ништо нема да постигнете. Не успевате да се усогласите со саканата личност.

ШКОРПИЈА

Добро размислете пред да повлечете некои потези денес. Момент на импулсивност може да ги урне долго планираните настани. Продолжете со лесно темпо, без нагли потези. Повремено ви „налетуваат“ љубомора и посесивност.

СТРЕЛЕЦ

Доколку сте сметале на некои личности, денес можете да бидете макар делумно разочарани од нивната неажурност. Но, и без нив – ќе успеете да го завршите она што сте го наумиле. Добри моменти за провод, за уживање со спротивниот пол.

ЈАРЕЦ

Многу работи се комплицираат, но малку е веројатно дека вие ќе кренете раце и ќе се откажете. Се трудите да бидете на висина на задачата и да ги исполните очекувањата на оние кои сметаат на вас. Партнерот може да се обидува да ви го привлече вниманието или да ве насочи таму каде што нему му одговара.

ВОДОЛИЈА

Се случиле некои ситуации кои не сте ги очекувале и сега размислувате како да ги вклопите, а да не се откажете од своите цели. Можеби би било добро да почекате ден-два да се расчисти сè. Тешко ви е да се вклопите со емотивниот партнер.

РИБИ

Лоша комуникација со соработниците, па дури и со оние со кои секогаш имате разбирање и почит. Оние околу вас се нервозни, па таа нервоза и вам ви ја пренесуваат. Договорите кои сте ги направиле со саканата личност можеби нема да можат да бидат остварени.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што ни носи филмот за 27 април? Погледнете ја првата снимка од „Рано наутро“

ГОРИ НАФТЕНОТО ПРИСТАНИШТЕ: Погоден цивилен брод во Новоросијск, 4 лица повредени