
Дневен хороскоп за 16 декември: Дознајте што ви предвидуваат ѕвездите за почетокот на неделата, според астрологот Олга Савиќ.
Овен: Утрово ќе ви биде тешко да станете, но подоцна денот носи добро расположени. Одличен момент за контакти со спротивниот пол.
Бик: Имуни сте на нервозата на работа. Денот е исклучително поволен за емотивни средби и нови познанства.
Близнаци: Не дозволувате деловните недоумици да ве пореметат. Денот е совршен за договори, состаноци и важни разговори.
Рак: Бегате од папирологија и сакате нешто ново. Емотивно, ова е ден за љубов и страст.
Лав: Иако не сте орни за работа, ќе бидете одговорни. Слободните ги очекува значаен и убав контакт.
Девица: Сè уште сте во празнично расположение и тешко функционирате професионално, но затоа во љубовта сè е како што треба.
Вага: Ги „отаљувате“ обврските, мислите ви се на друга страна – најверојатно љубовна.
Шкорпија: Имате енергија и волја, но околината не ве следи. Убав ден за флерт.
Стрелец: Носите одлична, позитивна енергија и ги анимирате сите околу вас. Прекрасен ден за љубов.
Јарец: Обврските ви одат од рака, имате нови идеи. Партнерот ве поддржува и ви носи радост.
Водолија: Ден за провод и креативност, но внимавајте – парите лесно ви се лизгаат од раце.
Риби: Интуицијата ви е силна. Иако постапките на партнерот ве збунуваат, нема причина за грижа.
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден







