Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.
Астролог Олга Савиќ
ОВЕН
Денес е можна голема импулсивност, избрзаност, претераност во реакциите. Потрудете се вашите емотивни, но и односите со другите блиски луѓе, да не трпат поради тоа. Најдобро би било вишокот енергија кој е присутен денес да го потрошите низ активности, излегување.
БИК
Пред вас е добар и квалитетен ден, а и вие сте во фино расположение, подготвени за разговор и договор. Исклучително е силна можноста во текот на овој ден да се активира некое минато – било деловно или емотивно. Од вашата реакција ќе зависи понатамошниот тек на настаните.
БЛИЗНАЦИ
Матното расположение во текот на утринските часови брзо ќе го замени активност и ангажираност. Денес можете полесно да завршите многу ситуации околу кои веќе некое време се трудите. Блага неусогласеност во партнерските односи, но ништо што не може да се среди.
РАК
Премногу се оптоварувате со некои ситуации и премногу им дозволувате на другите да ви „влезат во глава“. Обидете се да ги гледате работите на попозитивен начин. Денес може да се обнови контактот со личност која некогаш ви била мила и блиска.
ЛАВ
Сите ве бараат, имаат сто предлози за вас, а вие ни самите не знаете на која страна попрво да се свртите. Во суштина, можеби најмногу би сакале да останете дома и да завршите нешто околу секојдневните обврски. Сепак, најдете малку време и за свое опуштање и одмор.
ДЕВИЦА
И вие сте расположени за одмор, но и окупирани сте со размислувања за финансиски проблеми, па нема да имате премногу волја да излегувате или да бидете активни. Сепак, дозволете ѝ на саканата личност да ви организира макар заеднички неколку часа – ќе ви годи.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден