
Професорот Георги Гоце Дуртаноски ѝ врачи на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова копија од Привилегијата (кралска повелба) издадена на Македонците од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки во 1690 година во Виена.
Со овој историски документ, царот Леополд го прифатил барањето за заштита на Македонците од турското ропство, барајќи од нив во замена да се приклучат во борбата против заедничкиот непријател.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Авторот на овој уникатен калиграфски препис, проф. Дуртаноски, кој е експерт за христијанска палеографија, говореше за важноста на документот како потврда за посебноста на македонскиот идентитет. Тој посочи дека оригиналниот записник бил пронајден во Воениот архив во Виена.

„Добро е да имаме уште еден аргумент“
Заблагодарувајќи се за копијата, претседателката Сиљановска-Давкова изрази почит кон работата на Дуртаноски и го препозна документот како особено значаен за македонскиот народ и неговиот идентитет.
– Документот го потврдува она што повеќепати е докажано, но добро е да имаме уште еден аргумент, соочени со обидите за негово оспорување – додаде претседателката. Двајцата соговорници ја нагласија и важноста на културната дипломатија за малите држави.


