во , ,

Докторе имам проблем со срцето…

Отишол Мујо на доктор и му вели:

– Докторе имам проблем со срцето.

– За што станува збор? – запрашал докторот.

Мујо воздивнал и почнал да раскажува:

– Па еве одам јас дома и ја гледам Фата со Хасо во кревет. Се фаќам јас за пиштолот и сакам да го убијам Хасо, а тој ми вели:

– Чекај, ајде Фато свари кафе, а ние двајца да поразговараме. Еве ќе ме убиеш мене, ти ќе отидеш во затвор, а некој друг ќе биде со Фата.

– Да, имаш право….

Вториот ден истата ситуација.

Јас го вадам пиштолот, одам да ја убијам Фата. А Хасо ми вели:

– Ајде да се напиеме кафе и да поразговараме. Ти ќе ја убиеш Фата, ќе одиш во затвор, а јас ќе бидам со некоја друга.

Третиот ден повторно исто.

– Јас го вадам пиштолот, сакам да се убијам. Повторно Хасо ме вика на кафе муабет.

– Еве ќе се убиеш, а јас повторно ќе бидам со Фата…

Докторот ја слуша приказната и на крајот го прашува:

– Па добро Мујо каква врска има тоа со твоето срце?

Мујо збунето го гледа докторот и го прашува:

– Па не знам докторе, уште колку кафе можам да испијам а срцето да не ми откаже.

Што мислиш?

25 Поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Уметник покажува како би изгледале денес 20 историски личности

16 Луѓе кои ја прифаќаат фразата „биди посериозен“ како повик да дивеат