Реклама
Еден човек влегува во кафич и вели:
-Еј дечки, сакате ли да го слушнете најновиот виц за плавуши?
Шанкерот му вели:
-Пред да го кажеш, само да ти кажам дека јас сум русокос, мојата девојка таму е плавуша, двајцата боксери на онаа маса се плавуши, двајцата полицајци до нив се плавуши и трите жени онаму се плавуши. Сега уште ли сакаш да го кажеш вицот?
-Ааа не, не… кој ќе ви го објаснува сто пати!