Комесарката Марта Кос со вчерашната изјава барем за неколку проценти го крена евроскептицизмот кај македонските граѓани.
Таа се дрзна среде Скопје македонскиот идентитет да го спореди со јадења. Многумина очекуваат кога ќе оди во Софија, бугарскиот идентитет да го спореди со нивни јадења. Или српскиот со „роштиљ“, а грчкиот со „гиро и суфлаки“.
„Словенците ни го зедоа ајварот, Марта ни го дава пинџурот“
Од посетата на, како што ја нарекуваат, „нехаризматичната Словенка“, многумина се уверија дека на ЕУ не ѝ е грижа за македонскиот идентитет. И дека секогаш ќе застане на страната на Бугарија. За нас ќе остане пинџурот, погачата и тавче-гравчето.
„Ајварот не го спомена, можеби затоа што нејзината Словенија го патентираше како свој национален производ,“ се вели во коментарите. „Кос добро знае дека македонскиот идентитет е македонскиот јазик. А не пиперките.“
Дали барањето за Бугарите во Уставот ќе биде последно?
Еврокомесарката вешто одбегна да одговори на клучното прашање. Дали барањето да ги внесеме Бугарите ќе биде последно? Секако дека нема да биде, сметаат критичарите. Тоа ќе биде само првата отстапка, по што ќе следат други.
„Марта, јас не знам што е твојот словенечки идентитет. Но мојот идентитет е Гоце Делчев, Даме Груев, МПЦ, Сандански, Блаже Конески… а не пиперките,“ гласи еден од коментарите.
Обвинувања од минатото: Дали Марта Кос била соработник на УДБА?
Радио телевизија Словенија минатата година пишуваше за оваа тема. Според нив, Марта Кос во минатото била соработник на југословенската тајна служба УДБА. Беше објавено и нејзиното кодно име, но таа демантираше.
„Пред да станам амбасадор, бев проверена од германските и швајцарските служби. Доколку им штетев на интересите на Словенија, никогаш немаше да работам во владата,“ изјави тогаш Кос.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден