Застанува сообраќаец брачен пар:
– Молам возачка и сообраќајна! Каде толку брзате, знаете дека возевте пребрзо?
На тоа од совозачкото место, сопругата го напаѓа мажот возач:
– Знаев јас, каков си ти кретен. Ти си еден најобичен глупак, сега ќе ти ја земат убаво дозволата и што ќе правиш тогаш. Е мајмуне еден…
Жената не престанува да вика и да го навредува својот маж, сообраќаецот го погледнува него, ја погледнува неа, му ги враќа документите и вели:
– Слободни сте, ви посакувам пријатна вечер!
– Како тоа? – зачуден мажот, зарем нема да ме казните?
– Нема, господине, вие веќе сте доволно казнети.