
Историски ден за соседите: Бугарија официјално го воведе еврото
Од вчера (1 јануари 2026), Бугарија е 21-вата земја членка на еврозоната. Бугарскиот лев, по децении употреба, заминува во историјата, а официјалната валута сега е еврото. Конверзијата е извршена по фиксниот курс кој важеше и досега: 1 евро = 1,95583 лева. Оваа промена доаѓа откако Софија ги исполни сите строги економски критериуми, вклучително и контролата на инфлацијата.
Внимавајте ако патувате: Двојни цени и кусур во евра
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден
За граѓаните и туристите најважен е т.н. преоден период. Само во текот на овој месец (јануари) ќе може да се плаќа и со левови и со евра (двојна циркулација). Сепак, трговците се обврзани кусурот да го враќаат исклучиво во евра. Цените во продавниците ќе останат истакнати во двете валути за полесна адаптација. Од 1 февруари 2026, левот целосно престанува да биде законско средство за плаќање.


