во ,

Земјотрес во турскиот фудбал: Уапсени 17 судии и претседател на клуб за местење натпревари!

Огромен скандал го тресе турскиот фудбал откако обвинителите побараа апсење на 21 лице, вклучувајќи 17 активни фудбалски судии и еден претседател на клуб од првата лига, поради вмешаност во обложување и местење натпревари.

Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул објави дека 17 судии се осомничени за занемарување на своите должности и манипулирање со резултатите од натпреварите, додека претседателот на клубот се товари за местење резултати. Досега, 18 од 21 осомничени се веќе приведени.

Повеќе од само судии – „Морална криза“ во целиот систем

Истрагата на Турската фудбалска асоцијација (ТФФ) открила шокантни податоци: од 571 активни судии во турските професионални лиги, дури 371 имале сметки за обложување, а 152 од нив активно учествувале во обложување.

Претседателот на ТФФ, Ибрахим Хачиосманоглу, го нарече ова „морална криза“ во турскиот фудбал. Веднаш по откривањето на аферата, Турската фудбалска асоцијација веднаш суспендираше 149 фудбалски судии и нивни помошници.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Се вратив, ме пуштивте по грешка“: Затвореник сам се пријавил во затвор по 3 дена слобода! (ВИДЕО)

Додека Илон Маск лансира ракети, во Прилеп се лансираат пиперки