
Хорор во британски воз: Деветмина се борат за живот по масовно избодување, анти-терористичките единици ја презедоа истрагата
Велика Британија е во шок по брутален, масовен напад со нож што се случи синоќа (1 ноември) во воз кој сообраќал од Донкастер кон Лондон. Според Британската транспортна полиција (BTP), девет лица се хоспитализирани со повреди опасни по живот, а уште едно лице е полесно повредено. Двајца осомничени се уапсени на лице место, а поради сериозноста на инцидентот, истрагата ја презедоа анти-терористичките единици, будејќи страв од можен терористички акт.
Возот на компанијата LNER (London North Eastern Railway) бил итно сопрен на станицата „Хантингтон“ во Кембриџшир, на околу 80 километри од Лондон. Британскиот премиер го опиша нападот како „апсолутно неподнослив“ и им се заблагодари на итните служби за брзата реакција.
„Имаат нож, ме избодеа!“: Сведоштво од вагонот на стравот
Патникот Оли Фостер, кој се нашол во возот, ја опиша сцената за медиумите како „чиста паника“. Тој раскажа како одеднаш видел човек што трча низ вагонот со крвава рака, викајќи: „Имаат нож – ме избодеа!“. Во хаосот што настанал, патниците почнале да се кријат во тоалетите и да бегаат низ вагоните за да се заштитат.
Фостер раскажа и за херојски чин на еден постар маж кој ја „блокирал раката на напаѓачот“ за да заштити помлада девојка, при што и самиот се здобил со сериозни повреди на главата и вратот. „Ја почувствував мојата рака прекриена со крв откако се потпрев на столицата“, сведочеше Фостер, додавајќи дека другите патници користеле сопствена облека за да се обидат да го запрат крварењето на повредените.
Активиран национален код за тероризам ‘Плато’
Сериозноста на нападот и фактот што се случил во јавен превоз веднаш ги активираа највисоките безбедносни протоколи во земјата. Активирана е националната шифра „Плато“ (Operation Plato), која се користи кога постои сомнеж за тековен терористички напад со голем број жртви, пред да се утврди точниот мотив. Иако оваа шифра подоцна била повлечена, самиот факт што била активирана покажува колку била критична ситуацијата.
Истрагата сега е во рацете на анти-терористичките единици, кои треба да го утврдат мотивот зад овој брутален чин што ја втурна нацијата во страв. Во меѓувреме, девет лица сè уште се борат за своите животи, а британската јавност се соочува со прашањето како е можно ваков хорор да се случи на најобично патување со воз.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







